ФОТО+ВИДЕО | Уловена најголемата слатководна риба на сите времиња: Тежи повеќе од 300 килограми

Фото: Фејсбук/ The Phnom Penh Post

Најголемата регистрирана слатководна риба во светот, џиновска раја, е уловена во реката Меконг во Камбоџа, пишува „Гардијан“.

Рај ата, уловена на 13 јуни, била голема речиси четири метри од главата до опашката и тежела нешто помалку од 300 килограми, се вели во изјавата на „Чудата на Меконг“ (Wonders of the Mekong), заеднички истражувачки проект од Камбоџа и САД.

Претходниот рекорд за слатководна риба беше 293 килограми џиновски сом од Меконг, откриен во Тајланд во 2005 година, соопшти групата.

Рајата била уловена од локален рибар јужно од Стунг Тренг во североисточна Камбоџа, кој веднаш го известил тимот од научници на „Чудата на Меконг“.

Научниците пристигнале неколку часа откако ја добиле веста по полноќ и биле изненадени од она што го виделе.

„Да, кога ќе видите риба со оваа големина, особено во слатки води, тешко е да се разбере, мислам дека целиот наш тим беше запрепастен“, рече водачот на „Чудата на Меконг“, Зеб Хоган.
„Фактот дека рибите сè уште можат да растат толку големи е надежен знак за реката Меконг“, рече тој, истакнувајќи дека водниот пат се соочува со многу еколошки предизвици.

Во близина на опашката на рибата е вметнат уред за означување што ќе испраќа информации за следење во текот на следната година, обезбедувајќи многу важни податоци за однесувањето на џиновските ражи во Камбоџа.

Сртификатот од Гинисовата книга на рекорди стигнала во надлежното министерство пред само неколку дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот