ФОТО + ВИДЕО | Со велосипед низ Европа: Рутата која досега ја поминале само 12 луѓе

Фото: Пекселс/ pixabay

„Јуропиан Дивајд Треил“ (European Divide Trail) е велосипедска рута која можат да ја совладаат повеќето теренски велосипеди, но поради должината на патеката, времето потребно за да се извози, како и променливите временски услови, оваа предизвикувачка рута сè уште не е многу популарна.

Со 7.600 километри, од бреговите на Норвешка до југозападна Португалија, патеката „Јуропиан Дивајд Треил“ е велосипедска патека која минува низ девет земји и трае 100 дена, пишува „Пункуфер“.

Обиколниците, шумските патеки и ливадските патишта се оддалечуваат од големите градови, од северо-исток кон југозапад на Европа. Иако има многу асфалтирани делови, повеќето километри се поминуваат во природа.

Северниот дел со бројни шуми, езера и реки води низ Норвешка, Финска и арктичката тундра на Лапонија и Шведска . Шарените полиња, селата и малите градови одат до Данска преку центарот на земјата до германските региони и Франција до работ на Швајцарија , во подножјето на моќните Алпи. Кон југ, земјениот пат се претвора во песок и камења, патеките се погруби, а теренот станува пострмен.

Џејкоб Мартин , еден од ретките авантуристи кои се одлучија за таа голема европска рута, изјави за „Гардијан“ дека „Јуропиан Дивајд Треил“ ја завршиле само 12 луѓе.

Фото: Инстаграм/ Jacob Martin – Mid Nowhere

„Теренот е разновиден: бескрајни шуми, езера, реки и макадамски патишта во Скандинавија, потоа ливади, шуми и пасишта во Централна Европа и на крајот Пиринејскиот Полуостров со искачувања до околу 2000 метри“, ја опишува патеката Џејкоб, на кој му се придружила и една девојка Ана и додава дека навистина бил воодушевен од норвешките фјордови, карпите и кампувањето во шумите.

Но, патеките во Германија го забавиле возењето поради паднатите дрвја кои го блокирале патот, па било неопходно да се пренесе велосипедот преку трупците.

„Планините на Франција и Шпанија беа омилени: Восгес, Јура, Пиринеите и Сиера де Јаваламбре се посебни. Има нешто неверојатно во тоа да пристигнете до мало прибежиште на зајдисонце по ден или два возење и туркање на велосипедот по угорнина. По должината на рутата посетувавме мали градови и села каде туристите вообичаено не одат“, изјавил Џејкоб Мартин, додавајќи дека не се подготвувал премногу и не бил во најдобрата форма во живот.

Рутата ја планирал додека возел и од ден на ден одредувал на кои места ќе застане за намирници, без премногу компликации. На сите оние кои размислуваат дали да се осмелат да ја поминат „Јуропиан Дивајд Треил“, тој ги советува: „Направете го тоа!“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот