ФОТО: Вентворт Милер од серијата „Prison Break“ дијагностициран со аутизам во петтата деценија од животот

Вентворт Милер
Фото: Instagram

Sвездата на серијата „Prison Break“, Вентворт Милер, сподели со своите фанови на социјалните мрежи дека како возрасен, му дијагностицирале аутизам.

Тој откри дека лани му бил дијагностициран аутизам за време на карантин.

„Оваа есен се одбележува една година откако добив неформална дијагноза за аутизам. Сето ова претходи на само-дијагностицирање, а секако по тоа следеше и официјалната дијагноза“, напишал актерот, додавајќи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wentworth Miller (@wentworthmiller)


„Тоа беше долг процес што требаше да се ажурира. Сепак, јас сум средовечен човек, а не петгодишник“, истакнал Милер.

Вентворт открил дека формалната дијагноза за него била „шок, но не и изненадување“.

Неговата објава собра повеќе од 100.000 допаѓања и илјадници коментари за поддршка за два дена од објавувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот