ФОТО | Tурците ја направија објавата на Санчо една од најкоментираните во историјата на Инстаграм
Англискиот офанзивец Џејдон Санчо (25) веројатно и не претпоставуваше дека неговата објава од 24 јули ќе стане вистински хит на социјалните мрежи и буквално ќе го „сруши“ интернетот. Санчо тогаш на својот инстаграм-профил објави серија фотографии од својот одмор, а објавата досега собра неверојатни 5,3 милиони коментари.
Препорачано
Профилот на англискиот репрезентативец беше преплавен со коментари од навивачите на Бешикташ, кои во милиони пораки го повикуваат да се приклучи на славниот турски клуб.
Jadon Sancho’s latest Instagram post has over 5 million comments 😮
Beşiktaş fans have flooded his comment section with “Come to Beşiktaş” 😅 pic.twitter.com/cH1fPsmomB
— ESPN FC (@ESPNFC) August 12, 2025
Со толкав број коментари, објавата на Санчо се најде меѓу петте најкоментирани објави на Инстаграм во историјата.
Да потсетиме, Санчо е на излезна врата од Манчестер јунајтед, со кој има договор до летото следната година. Досега како најсериозни кандидати за негов потпис се споменуваа Борусија Дортмунд и Јувентус, а се спомнуваше и Рома.
Сега во трката се вклучи и Бешикташ, па останува да видиме каде ќе заврши креативецот, чија пазарна вредност се проценува на 28 милиони евра.


