ФОТО: Трабзонспор со Барди во плеј-офот за ЛШ против Копенхаген

Енис Барди со Трабзонспор се бори за влез во групите на ЛШ/Фото: Принтскрин/Твитер

Во вторник и среда ќе се играат првите натпревари од плеј-офот како последна пречка на патот кон групите во Лигата на шампионите за сезоната 2022/2023.

Утре од 21.00 часот во Данска екипата на Копенхаген ќе го пречека составот на Трабзонспор во чии редови летово дојде македонскиот репрезентативец Енис Барди.

Нашиот играч веќе ги имаше првите тренинзи со новите соиграчи, а денеска турскиот клуб го објави составот на играчи на кои ќе смета за првите 90 минути против Данците.

Во истиот се наоѓа и Барди кој посакува со Трабзонспор да излезе како победник во претстојниот двомеч со Копенхаген и игра во групната фаза на ЛШ.

Потсетување дека уште двајца наши репрезентативци се борат за влез во елитното друштво, Аријан Адеми и Стефан Ристовски утре со Динамо Загреб ќе му гостуваат на норвешкиот Бодо/Глимт (21.00 часот).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот