Фото: Инстаграм

ФОТО | Тина Ноулс брутално го „возврати ударот“ на „хејтерите“ кои ја навредуваа нејзината ќерка Бијонсе

По ктиритките и навредите кон Бијонсе, седумдесет годишната Тина Ноулс сподели објава на својот Инстаграм на која пишува:

„Без разлика колку сте неспорно талентирани , луѓето секогаш, секогаш,  ќе имаат нешто негативно да кажат“.

Таа се согласи со објавата, која следеше по божиќниот настап на нејзината ќерка Бијонсе на натпреварот Хјустон Тексанс-Балтимор Равенс.

„Јас се чувствувам сосема исто! За мене е неверојатно дека некој би го искористил својот скапоцен Божиќен ден за да гледа настап на некој што го мрази и не мисли дека има талент, за подоцна да зборува лошо за тоа“, напиша Ноулс на Инстаграм.

Ноулс продолжи да ги критикува хејтерите кои го гледале шоуто .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tina Knowles (@mstinaknowles)

„Очигледно сте толку опседнати со нив, зависни од нив и потајно им се восхитувате, сакате да бидете како нив, што не можете да се воздржите, а да не ги гледате, критикувате, коментирате и кажувате глупави, смешни работи“, напишала Ноулс.

Поранешната менаџерка на групата „Дестинис Чајлд“ ги охрабрила хејтерите следниот пат да продолжат и понатаму да гледаат „глупави цртани или кловнот Бозо“.

„Научив многу од нејзиниот воин дух, дека кога тие одат ниско, јас работам уште повеќе“, рече Ноулс, цитирајќи го Исаија 54:7 „Ниту едно оружје направено против тебе нема да успее“.

Бијонсе, настапи во нејзиниот роден град Хјустон, Тексас. Повеќекратната добитничка на Греми приреди спектакуларен настап кој го доби името „Бијонсе Боул“. Таа го отвори шоуто облечена во фустан од бели пердуви, со каубојска капа украсена со иконската црвена, бела и сина лента.

За време на нејзиниот божиќен настап на полувремето, на Бијосе и се придружија неколку уметници, а нејзината ќерка Блу Ајви дури изведе дует со неа за време на песната „Texas Hold’Em“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот