ФОТО: Таа покажа како изгледа нејзиниот сопруг по работен ден на температура од – 49 Целзиусови степени!

reddit/printscreen
reddit/printscreen

Една американка објави фотографија од нејзиниот сопруг на „Редит“ откако денот го поминал работејќи на, како што пишува -57 степени. (Бидејќи Фаренхајт се користи за изразување на температурата во САД, ова, пресметано во Целзиусови степени, би било околу -49,4).

Фотографијата покажува дека човекот, иако е добро завиткан во облека, лицето му е црвено, а косата, брадата, мустаќите, веѓите и трепките му се замрзнати.

This is my husband after working all day in -57 from nextfuckinglevel

Жената која ја објави фотографијата во коментарите објаснила дека нејзиниот сопруг работи на одржување на ветерници во Северна Дакота.

Многумина изразија восхит за сопругот кој работи на толку ниски температури, а некои работници кои работат во слични услови ги споделија своите искуства.

Еден од нив опиша дека кога работи во слични услови буквално не чувствува ниту еден дел од неговото лице освен краевите на мустаќите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот