ФОТО: Супермоделот Наоми Кемпбел заводлива и на 50 години

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/MIKE NELSON

Наоми Кемпбел отсекогаш била заводлива и секси, а очигледно годините не можат да го променат тоа. Уште кога се појави во светот на модата кон крајот на 80-тите години, таа веднаш стана една од најуспешните модели.

Кемпбел започнала да се занимава со манекенство уште кога имала 15 години, а статусот на супермодел го добила кога станала првата афроамериканка која ја красела насловната страница на францускиот „Вог“.

Instagram
Instagram

Наоми, која го доби прекарот „црн пантер“ зад себе има неверојатна кариера и има соработувано со со врвни имиња во модната индустрија. Иако веќе поретко ја гледаме на модните писти таа уште го фасцинира светот со својот беспрекорен изглед.

Instagram
Instagram

Моделот неодамна воодушеви со фотографиите кои ги објави на својот инстаграм – профил, позирајќи во костим за капење кој ја истакнува нејзината фигура.

Instagram
Instagram

На своите обожаватели веднаш им даде до знаење дека не станува збор за нови фотографии туку дека се направени кога била во Кенија, Африка.

Instagram
Instagram

Отсекогаш си била секси, само повеќето жени со текот на годините престануваат да бидат такви. Се чини дека тоа не е случај со тебе. Секогаш привлечна“, беше еден од коментарите под фотографиите на моделот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот