ФОТО: Средните училишта со хуманитарен базар на градскиот плоштад – средствата ќе бидат наменети за лекување на ученичка
Ф.Н.
Пред
Средните училишта од градот Скопје, денеска и утре на плоштадот „Македонија“ одржуваат хуманитирен базар од рачни изработки, со цел собирање средства за лекување на болна ученичка од училиштето „Орце Николов“.
-Проектот беше инициран од Град Скопје, а на него се одзваа голем број скопски средни училишта. Секое средно училиште има свој посебен штанд, каде можат да се забележат најразлични рачни изработки- изјави наставничка од средното училиште „Васил Антевски – Дрен“ за „Слободен печат“.
Штандовите нудат најразлични производи и креации, од типот на рачно изработени орнаменти за домот, привезоци од рециклирана пластика, роденденски и љубовни честитки, домашни печива и десерти, книги на македонски и албански јазик, а посетителите имаат можност да се стоплат со чај и кафе.
Сите собрани средства од продажбата на производите ќе бидат наменети за Ана, ученичка од средното училиште „Орце Николов“, која има ретка мозочна болест и треба да патува на лекување во странство.
Настанот започна денеска и ќе продолжи утре, сабота, со почеток од 10.30 часот до 14.00 часот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 ФОТО | Kлоп со една фотографија од Светското првенство ги налути навивачите на Звезда 2 Осомничените за труењето на гостиварци одат 30 дена во „Шутка“, судот им определи притвор 3 ФОТО | Сидни …