ФОТО | Снеже Велков го прослави својот 40-ти роденден и сподели емотивна објава: Блескај!

снеже велков
Снеже Велков / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Познатата водителка Снеже Велков која со години ја гледавме на малите екрани, денес е посветена на здравиот начин на живот, работи како пилатес инструкторка, а плови и во инфлуенсерските води. Таа е сопруга и мајка на две деца.

Снеже е една од нашите познати личности која категорично го прекинува трендот на „криење на годините“ како што прават познатите ѕвезди, затоа што истите се само бројка. Таа е горда на своите години, а како не би била кога изгледа подобро од кога било.

Снеже вчера го прослави својот роденден и ѝ кажа добредојде на новата етапа од нејзиниот живот. Со своите обожаватели и пријатели на социјалните мрежи откри како го поминала најважниот ден од годината, се заблагодари на сите оние кои се покрај неа и откри како се чувствува. Славеничката го прослави својот 40-ти роденден со балони, ружи и голема торта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Снеже ја „загриза“ 40-ката со голема насмева, а како што вели, со години е сопствеинчка на познатиот хаштаг #блескај.

„Создавањето на семејство го терав по стара програма. Сѐ си завршив до 29. Паралелно терав и кариера во „Бекстејџ“. Триесетите пак, беа резервирани за големите кариери успеси и проектите како „Х Фактор“, „Големиот брат“ и „VIP“ на еден ден. На триесет и кусур, станав и пилатес инструктор ама и сопственичка на хаштагот #блескај а од пред три години добив и повреда на коленото која пак ми го донесе точакот како лек“, напиша таа.

„Сега кога веќе нема да имам ни 2 ни 3 напред во годините редно е да кажам: Фала им на мама Цвета и тато Здравко што веруваа во мене и ја пуштија мојата своеглавост да стигне таму каде што сакав во овие 40 години. Што би се рекло сите во фамилија инженери – А Снеже – Да е жива и здрава. Фала им на оние кои не веруваа во мене заради кои станав посилна, подобра и поуспешна. Фала им на пријателите кои се тука до мене за да ме бодрат и тогаш кога не сум силна не сум добра и не сум успешна. Фала им на сите кои намерно или случајно ми се појавиле во животов овие 40 години – секој бил тука со причина, со тест или како лекција“, продолжи Велков.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

„А најмногу фала на моите тројца неверојатни човечиња: Дарко, Дарин и Ален. И за крај да си кажам: 40 (и со букви) ЧЕТРИЕСЕТ – Доволно многу сте за да не не можам да се вадам на младоста од дваесетите. Доволно звучни сте да не можам да се повикам на неискуството од триесетите… Ама и доволно многу сте да немам време за чекање!‼️ За се останато малку сте. Дури сега земам залет“, напиша Снеже.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот