ФОТО: Синди Крафорд ја оживеа легендарната сцена од рекламата за „Пепси“ од далечната 1992

Фото: Profimedia

Една од најпознатите и најуспешните модели на сите времиња Синди Крафорд се врати на почетокот на својата кариера и повторно ја оживеа легендарната сцена од рекламата за „Пепси“ за „Super Bowl од далечната 1992 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Денеска 55-годишната Синди на својот инстаграм – профил покажа дека им пркоси на годините и се пофали со цврста линија на која и завидуваат двојно помладите колешки. Таа одлучи да ја направи фотографијата за добротворни цели со цел да собере средства за детската болница „American Family во Висконсин, каде нејзиниот покоен брат Џеф, кој почина на само три години, се лечеше од леукемија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)


Славната убавица не го криеше задоволството од ова враќање во минатото и можноста да направи добро дело.

„Секогаш е задоволство и возбуда да се работи со мојот пријател Дејвид Џероу, а уште повеќе кога станува збор за добротворни цели. Се вративме во 1992 година за да рекреираме историски момент и да собереме средства за детска болница. Досега, со помош на Дејвид, веќе собравме милион долари. Му благодарам и на мојот фризер Питер Савиќ кој ми ја направи познатата фризура. Воодушевена сум што успеав да бидам дел од сето ова и мислам дека успеавме“, напиша Синди покрај фотографијата што ја објави на социјалните мрежи.

Синди денес е успешна и самоуверена жена која не се двоуми да го покаже своето лице без трошка шминка, а на тој начин успешно ги замолчи интернет – троловите кои се обидуваа да ја засрамат бидејќи сè уште се занимава со манекенство и покрај возраста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот