ФОТО: Што сѐ може да постигне една бесна, амбициозна жена кога ќе си вети дека никогаш нема да зависи од маж?

Нели Блaj, првата истражувачка новинарка, го сменила начинот на размислување за работата на жените на крајот на деветнаесеттиот век.  

Елизабет Кокран Симен, позната како Нели Блај, новинарската кариера ја започнала во 1885 година, на возраст од 21 година. Како една од 14-те деца на сиромашни родители, живеела како сирак, а за да заработи за живот миела садови и била келнерка. По лошата авантура со алкохоличар и насилник, си ветила дека ќе си го заработи лебот сама и дека никогаш веќе нема да зависи од маж.

1880: Формален портрет на Нели Блај (1867 – 2922), американска новинарка и патувач низ светот

Една вечер, враќајќи се дома исцрпена од работа, под оловното небо на Питсбург задушено од гасови од челичните печки, прочитала статија што ја разбеснила, а во која колумнистот тврдел дека жените ѝ припаѓаат на куќата и нивна работа е да се грижат за семејството, дека е срамно да работат.

Веднаш напишала писмо до уредникот во кое прашува „дали е срамно да сакате да бидете слободни, независни? Дали новинарот знае какво е чувството да се биде млада и сиромашна жена?“.

Нејзиното писмо било толку добро напишано и искрено, што веднаш било објавено заедно со белешка во која се бара авторот на текстот да се извини.

Така, Нели ја добива својата прва работа како новинарка.

Сакала акција, ѝ требале предизвици и не се плашела да ризикува. Затоа, по неколку месеци, женската колумна што ѝ била доделена ѝ станала здодевна. И покрај тоа што платата ѝ била тројно зголемена, одлучила да си ја испроба среќата на големата турнеја: Њујорк.

Нели Блај

Мисија – да се инфилтира во лудница од која никој не излегол

Весникот „Њујорк ворлд“ ја ангажирал со прва, многу тешка мисија: да се прави луда, да се инфилтрира во лудница за жени и да напише извештај за условите за живот на пациентите. Од таа лудница, на островот Блеквел, никој не излегол на слобода.

Озоголасената њујоршка болница на островот Блеквел

„Како ќе ме извлечете оттаму?“

„Размисли прво како да влезеш таму“, ѝ одговорил уредникот.

Нели ја идентификувала и социјалната димензија на лудницата кога сфатила дека многу затворенички не се луди, туку тие се само сиромашни, а штом се разболат, ги носеле тука поради недостаток на алтернативи. Тогаш тие полудувале, за најмногу два месеци, поради ужасниот третман на медицинските сестри. фото профимедиа

Договорот бил Елизабет да се преправа дека е ментално болна, а уредниците да ја извадат после 10 дена престој во лудницата. Но прво, за да влезе во болницата, под лажно име зела соба во интернат за сиромашни, вработени девојки, каде што истата вечер одглумила психоза и веднаш била интернирана на островот.

Нели грубо пресметала колку нејзиниот разум може да издржи во лудницата: два месеци. За два месеци и таа би полудела! Фото: профимедиа

Во азилот, таа го почувствувала малтретирањето на кое биле подложени затвореничките: ги оставале во градината на зимскиот студ и брутално ги капеле со студена вода и мраз во групи во големи кади. Следувале тепања и вистинска тортура од медицинските сестри.

Во болницата имало двојно поголем број пациенти отколку што имало простор. Оброците се состоеле од сув леб, расипано месо, воденеста супа, а водата била валкана. Стаорци имало насекаде.

Се претставила како сопруга на фармацевтски индустријалец и така стигнала до списокот на корумпираните функционери и доктори и нивната тарифа за услуги. / Фото: Профимедиа

Но Нели ја идентификувала и социјалната димензија на азилот кога сфатила дека многу затворенички не се луди, туку тие се само сиромашни, а штом се разболат, ги носеле тука поради недостаток на алтернативи. Само тогаш тие стануваат луди, следејќи го нехуманиот третман на кој биле подложени. Нели грубо пресметала и колку нејзиниот разум може да издржи на ова место: два месеци. За два месеци и таа би полудела!

Дворот на институцијата / Фото: профимедиа

За нејзина среќа, била извлечена после десет дена и напишала статија „10 дена во лудница“, со која ја потресла јавноста.

Патување низ светот за 72 дена

По огромниот успех на статијата, истражувачкото новинарство станало нејзина  специјалност. А ги имала сите вештини за тоа да го работи – снаодливост, брзо размислување и голема способност за импровизација. Следувало инфилтрирањето во групата работници познати како „белите робови“, кои живееле со мизерни плати, потоа се претставила како сопруга на фармацевтски индустријалец, кој сакал да промени закон со кој медицинските рецепти ќе бидат задолжителни, и така стигнала до списокот на корумпираните функционери и доктори и нивната тарифа за услуги.

На пат околу светот со Нели Блај

Во 1889 година, на 25-годишна возраст, Нели го направила својот најпознат подвиг: го пропатувала светот за 72 дена. Се вратила во Њујорк како прва жена што најбрзо го обиколила светот, а пред неа тоа не го направил ниеден маж. Толку станала славна меѓу народот што не само ѕидовите, туку и цигарите, бонбоните, па дури и храната за коњи биле со нејзина слика. Во мода било девојките да носат фустани дизајнирани по урнекот на фустанот што таа го носела на патувањето низ светот, како единствен багаж.

Венчавка со милионер и разочарување во новинарството

Изненадувачки, но на 31 година Нели се откажала од својата професија и се омажила за милионер. Нејзиниот сопруг починал по неколку години и Нели го заземала неговото место на чело на компанијата за производство на челик, станувајќи единствената жена (во 1904 година) што водела конгломерат со таква големина. Но, индустрискиот свет не ѝ одговарал и таа наскоро се вратила во новинарството: за време на Првата светска војна била дописник од источниот фронт, за на крај да биде заменета со британски шпион и да биде уапсена. А, кога се вратила во Америка, разочарана од новинарството, ретко пишувала статии. Починала во 1922 година, поради занемарена пневмонија.

Нели Блај во 1914 година фотографирана во Полска, како репортер за Њу Јорк Евенинг Журнал, додека зборува со офицер на австриската армија / Фото: Вики Комонс / Паблек Домејн

Со своето патување низ светот Нели Блај не откри нови земји, туку нови размислувања, а промената што таа ја генерираше не може да се нацрта на географска карта, туку е социјална. Нејзиниот напорен живот беше емпириско демонстрирање на првото писмо што го напиша на 21 година: „Па, нека им се дадат можности, а жените нека ги искористат тие можности и нека покажат дека можат да работат, да произведуваат и да се издржуваат. Помалку разговори и повеќе работа“, совршен слоган за жена од акција како чудесната Нели Блај.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот