ФОТО | Северина се шета низ Сараево и носталгично го цитира Балашевиќ

Северина/Инстаграм
Северина/Инстаграм

Балканската поп ѕвезда Северина Вучковиќ се прошета по Сараевските улици пред крајот на 2021. Таа на својот инстаграм-профил несебично го сподели своето расположение и прошетката во главниот град на Босна и Херцеговина.

Последните фотографии што ги објави, се од Скендерлија и прошетка низ градот. Очигледно е дека Сараево е нејзина љубов, а и нејзината насмевка и позирањето покажуваат дека таа навистина ужива.

Фотографијата на која шета по пешачки премин, таа ја спореди со насловната фотографија на култниот албум на „Битлси“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

На објавата напиша:

„Исти Битлси. Сараевскиот Аби Роуд, Скендерија“.

Следбениците и возвратија со позитивни коментари за нејзиниот изглед и стил, но и со нејзината врска со Сараево. Таа на следните фотографии го цитираше Ѓорѓе Балашевиќ на својата објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

„Знаеш, Сараево е во среде род, како дете – заиграно, простодушно, наивно, лековерно, детинесто… Затоа и тоа прво пружа рака“

На таа објава коментираше и нашата поп-дива, Калиопи, која напиша:

„Да, баш е такво нашето Сараево“ пропратено со емотикони со срциња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот