Јала Брат и Буба Корели со концерт во „Јане Сандански“/Фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

ФОТО | Сензационалните рапери Јала Брат и Буба Корели го кренаа Скопје на нозе!

Раперите од Босна и Херцеговина, Јала Брат и Буба Корели, синоќа по вторпат настапија во арената „Јане Сандански“ во Скопје.

Омилените пејачите на младите се појавија на сцената, а воодушевената публика им упати силни овации.

„Ова е епско“, стои на едно од видеата што ги објавија организаторите, а кои споделија дел од атмосферата, каде се гледа дека буквално сите се на нозе.

Распродадена сала, енергија на ниво на најголемите европски продукции и спектакуларна аудио-визуелна сценографија во режија на „Скај мјузик“ го означија почетокот на турнејата во духот на препознатливиот концепт на Музичката недела.

Раперите, кои се миленици на младата публика, успеаја да ја наполнат салата „Јане Сандански“ двапати по ред – два концерти исполнети со неверојатна енергија и емоции.

Јала Брат и Буба Корели со концерт во „Јане Сандански“/Фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Во рамките на својата турнеја „ГОАТ“, пејачите во рекордно време ги распродадоа билетите за саботниот концерт во Скопје. Претходната вечер, во петокот, многубројната публика, исто така, уживаше во нивниот настап.

Јала Брат во „Јане Сандански“/Фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Публиката го придружуваше енергичниот и динамичен настап на раперите, пеејќи го во глас секој нивен хит.

Буба Корели во „Јане Сандански“/Фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Почетокот на турнејата го донесе она и што беше најавено – неверојатен настап и потврда дека Јала Брат и Буба Корели се најпопуларните имиња на урбаната сцена во регионот.

Публиката уживаше во пресекот на целиот музички идентитет на ова дуо — од класици што влегоа во регионалната поп-култура, како што се „Плеши“ и „Стари радио“, до новите хитови што доминираат веќе со месеци на трендинг листите.

По неколкучасовниот спектакл, реперите ја напуштија салата заедно со своето многубројно обезбедување.

Јала Брат и Буба Корели со концерт во „Јане Сандански“/Фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

Турнејата што ќе се одвива низ цела Европа започна токму во Скопје, а пејачите ѝ подарија на публиката вечер за паметење.

Турнејата „ГОАТ“ започна точно како што се очекуваше: преполна арена, гласна публика и атмосфера што уште еднаш потврди дека музиката на јала Брат и Буба Корели со години е симбол на урбаната поп-култура низ целиот регион.

Јала Брат и Буба Корели со концерт во „Јане Сандански“/Фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат
Јала Брат и Буба Корели со концерт во „Јане Сандански“/Фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат
Јала Брат и Буба Корели со концерт во „Јане Сандански“/Фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат
Јала Брат и Буба Корели со концерт во „Јане Сандански“/Фото: Слободан Ѓуриќ/Слободен печат

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот