ФОТО| Сакаат нивната ќеркичка да ги гледа заедно: Ирина и Бредли на чекор до смирување?

Profimedia

Публиката навива овој пар официјално да се смири и да ужива во семејната идила… Љубовниот однос на Ирина Шајк и Бредли Купер интригира веќе неколку години, особено откако тие решија да направат пауза.

Актерот и манекенката по четири години одлучија службено да се разделат и да останат во добри односи поради ќеркичката Леа Де Шајн (3).

Со оглед на ситуацијата во целиот свет, парот во последно време се почесто беше заедно, а изгледа дека повторно се родиле искрите. Анонимен извор тврди дека Бредли и Ирина повторно се гледаат.

Фото: Профимедиа

„Не веруваат повеќе во родителството какво што го имаа досега – каде само еден на друг му го предаваат детето – па одлучија повеќе да се дружат тројцата заедно. Во еден момент повторно се појавија чувствата. Наводната врска на Ирина со експертот за уметнички дела не била воопшто сериозна, бидејќи нејзина вистинска љубов отсекогаш бил Бредли“, раскажа изворот близок до парот.

Шпекулациите за нивното смирување, кои овој извор сега ги потврди, започнаа уште пред неколку месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот