ФОТО: Руската амбасада во Шведска објави карта на која Крим е дел од Украина

Фото Руска амбасада во Шведска

Руската амбасада во Шведска објави мапа на земји во Европа на кои Крим е означен како територија на Украина.

Русите на картата ги прикажаа цените на бензинот во Европа, но Крим, кој го окупираа пред речиси десет години, е означен како дел од Украина.

По објавувањето на картата, првиот заменик министер за надворешни работи на Украина, Емине Џепар, изјави дека „Русија знае дека ќе биде исфрлена од полуостровот“.

„Сè што е нелегално е кревко. Крим беше и ќе биде украински“, напиша таа.

Во 2014 година, Москва незаконски го анектираше Крим, а потоа спроведе лажен референдум за анексија, како што спроведе во окупираните региони на Украина по минатогодишната инвазија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот