ФОТО | Род Стјуарт е болен: Британскиот пејач во последен момент го откажа својот концерт

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Британскиот пејач Род Стјуарт во последен момент го откажа својот концерт во Австралија. Тој на Инстаграм само неколку часа пред планираниот настап напиша дека не може да пее поради болест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sir Rod Stewart (@sirrodstewart)

„Ми рекоа дека имам вирусна инфекција и дека грлото ми е премногу иритирано за да пеам. Јас сум само човек и понекогаш се разболувам исто како вас. Мојата најголема радост е концертот, па правам се што можам за да закрепнам и да се вратам на сцената“, напиша Стјуарт на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sir Rod Stewart (@sirrodstewart)

„Се извинувам за разочарувањето и непријатностите предизвикани поради билетите. Дополнително соопштение во врска со аранжманите на концертот ќе биде објавено на почетокот на следната недела“, додадел тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sir Rod Stewart (@sirrodstewart)

Настапот на Стјуарт требаше да се случи како дел од турнејата на музичарот „A Day On The Green“. На концертот требаше да настапат американската пејачка Синди Лаупер и пејачот од Нов Зеланд Џон Стивенс.

Род Стјуарт изнајмил куќа за бегалци од Украина: Пејачот сака да поттикне други луѓе да го следат неговиот пример

ВИДЕО | Славниот рокер се фати за лопата: Моето Ферари не може да помине низ овие дупки!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот