ФОТО | Ребел Вилсон ужива со девојката Рамона во Италија

Фото: Instagram

Ребел Вилсон поминува квалитетно време со девојката Рамона Агрума овој викенд. Двете споделија романтични фотографии шетајќи низ Сардинија, Италија, рака под рака.

На снимките објавени од парот во саботата, Вилсон (42) носи светло жолто-бел фустан и кремови штикли, додека Агрума е облечена во шик црно палто од Прада, бел кроп топ, црни панталони и сандали.

Актерката напиша „🇮🇹 ciao bellas 🇮🇹“ покрај слатката слика, додека Агрума на својата слика напиша „Bella Italia 🇮🇹“. На друга фотографија, парот се сретна со екипа од забавни пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ramona Agruma (@ramonaagruma)

Вилсон излезе „вон ѕидовите“ како член на ЛГБТ+ заедницата овој месец, запознавајќи ги обожавателите со својата нова девојка.

„Мислев дека барам Дизни принц… но можеби она што навистина ми требаше сето ова време беше Дизни принцеза“, напиша актерката на селфито на „Инстаграм“.

Ребел Вилсон објави дека е во истополова врска: Мислев дека го барам принцот…

Ребел Вилсон откри дека е во врска со жена поради притисок од медиум кој ѝ се заканувал

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот