Ребел Вилсон откри дека е во врска со жена поради притисок од медиум кој ѝ се заканувал

ребел вилсон
Ребел Вилсон и Рамона Агрумa / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Откако австралискиот весник „Sydney Morning Herald“ се заканил дека ќе ја објави веста за нејзината врска со Рамона Агрум без нејзина согласност, Ребел Вилсон решила самата да ја објави веста. Таа сега на „Твитер“ ѝ одговори на новинарката која ги критикуваше „Sydney Morning Herald“ за обидот да ја разоткрие сексуалната ориентација на актерката.

Ребел Вилсон објави дека е во истополова врска: Мислев дека го барам принцот…

Кејт Доак, репортерка на австралиската телевизиска информативна програма „10 News First“, го осуди потегот на „Sydney Morning Herald“.

„Значи, Ребел Вилсон воопшто не одлучила да излезе во јавноста со ова. Признаа дека ѝ дале два дена пред да ја изнесат веста во јавноста“, напиша новинарката. Вилсон одговори на нејзиниот твит: „Благодарам за коментарите, тоа беше многу тешка ситуација, но се обидувам внимателно да ја решам“, рече таа.

Вилсон се огласи на „Твитер“ откако „Sydney Morning Herald“ објави коментар во саботата во кој ја осудува затоа што ја соопштила веста под свои услови и покрај нивните напори да бидат првите што ќе ја објават истата.

Медиумот тврдеше дека покажале „претпазливост и почит“ со тоа што испратиле мејл до нејзиниот тим и ѝ дале на Вилсон „два дена да ја коментира нејзината нова врска“ пред да биде објавена приказната.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

„Голема грешка“

„Голема грешка“, напиша колумнистот на „Sydney Morning Herald“, Ендру Хорнери. „Вилсон направи грешка што во петокот рано наутро објави на нејзиниот инстаграм-профил за нејзината нова „Дизни принцеза“, на истата платформа на која се фалеше со нејзиното згодно поранешно момче, богатиот Американец Џејкоб Буш“, додаде тој.

На социјалните мрежи многумина се пожалија поради фактот што Вилсон била принудена да ја објави нејзината врска во јавноста. Постапките на „Sydney Morning Herald“ беа наречени „срамни“, „одвратни“ и „злобни“.

„Јуни е добро време да се потсетиме дека ние, медиумите, треба да работиме попаметно кога станува збор за вестите за ЛГБТИ заедницата“, твитна спортската новинарка Инес Брага Сампајо. „Понижувањето не е новинарство. Таквото обелоденување никогаш нема да биде новинарство. Она што „Sydney Morning Herald“ ѝ го направи на Ребел Вилсон е злоупотреба“, додаде таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson)

Во соопштението објавено во неделата, уредникот на „Syndey Morning Herald“, Беван Шилдс, инсистираше на тоа дека е „погрешно да се каже дека Хералд ja разоткри Вилсон“ и рече дека весникот „едноставно поставил прашања кои, како стандардна практика, вклучуваат рок за одговор“.

За потсетување, актерката Ребел Вилсон на својот официјален инстаграм-профил објави важна вест за нејзиниот љубовен живот. Таа потврди дека е во врска со Рамона Агрумa, дизајнерка на облека и накит и сопственичка на брендот „Lemon Ve Limon“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот