ФОТО: Претседателот Пендаровски со сопругата на свечена вечера со шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција

пендаровски шпанија летиција
Претседателот Стево Пендаровски и првата дама на Р.С Македонија Елизабета Ѓоргиевска на свечена вечера во Мадрид, Шпанија / Фото: Фејсбук

Претседателот Стево Пендаровски и првата дама на Р.С Македонија Елизабета Ѓоргиевска синоќа беа на официјална посета на Мадрид, Шпанија каде се сретнаа со Кралот на Шпанија Фелипе Шести и неговата сопруга Кралицата Летиција.

Веста за свечениот настан претседателот ја соопшти на неговиот официјален фејсбук-профил

„Вечерва со сопругата Елизабета Ѓоргиевска присуствувавме на свечената вечера, која во чест на лидерите на земјите-членки на #НАТО, учесници на Самитот, ја приредија Кралот на Шпаниja Н.В. Фелипе Шести и неговата сопруга Кралицата Летиција. #NATOSummit #RoyalPalaceMadrid“, стои во описот на неколкуте фотографии од настанот.

Сопругата на претседателот воодушевува со своите модни комбинации секогаш кога и да се појави во јавноста. Нејзината едноставност е вистински пример за тоа како треба да изгледа една дама.

Taка и овојпат, за оваа свечена пригода македонската прва дама блесна во елегантен црвен фустан – креација на македонскиот моден дизајнер Никола Ефтимов, во комбинација со сандали и минијатурна чанта во ист тон, а носеше и дискретна шминка и фризура. Додека претседателот Стево Пендаровски носеше елегантен црн костум.

„Фустанот што го носеше г-ѓа Ѓоргиевска е инспириран од современо толкување на традиционалните референци на македонската и шпанската култура. Во појдовната точка на приказната е од црвената боја како референтната за двете земји. Свилениот фустанот ја следи идејата за едноставна елеганција, почитување на личноста на првата дама, но и самиот настан“, ни откри дизајнерот Ефтимов.

Кралот на Шпанија, Фелипе Шести носеше едноставен костум во комбинација со сина вртоврска, додека кралицата Летиција носеше црн фустан со ременче кој го споила со шик црни чевли со високи потпетици, сребрени обетки и собрана коса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот