ФОТО: Познатата готвачка Лорејн Паскал се омажи по тригодишна врскa

Лорејн Паскал
Фото: Инстаграм

Телевизиската готвачка и поранешна манекенка се омажи за бизнисменот Денис О’ Брајен со кого беше во врска три години, а во јануари се свршија. Свадбата се случила во салата „Челси олд таун“ во Лондон, а ќерката на Лорејн, актерката Ела Балинска, позната по улогата во римејкот на „Чарлиевите ангели“ (2019), ја испрати до олтарот.


Пресреќната Лорејн сподели фотографии на својот инстаграм-профил, под кои напиша:
„Мојата најголема сила и поддршка, ќерка ми, ме даде. Ела Балинска ме инспирираш секој ден.“

Подоцна Ела ги сподели истите фотографии за да ѝ го честита бракот на мајка си. Ела ѝ е ќерка на Лорејн од бракот со музичарот аристократ, грофот Казмиер Балински-Јундзил, со кого таа се омажи на 23 години, а се разведоа во 2000 година.


Лорејн ја започна кариерата како фотомодел, откако беше откриена од Наоми Кемпбел. Во 2005 година по завршен курс за готвење влезе во светот на кулинарството, каде е најпозната по своите неверојатни десерти.


Моментално е посветена на докторатот од областа на психологијата, бидејќи сакала да може да им помага на другите, наместо да биде позната готвачка која само зборува за искуствата. Имено, изборот на психологија е поради нејзините лични искуства со насилни врски и други емотивни проблеми, кои успеала да ги надмине одејќи на терапии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот