Вардар - Шкендија/ Слободен печат / Методи Здравев

ФОТО: Познат распоредот за третиот круг во ПМФЛ, Вардар и Шкендија ќе се судрат во последното коло

Со одигрувањето на натпреварите од вториот круг се комплетираше втората фаза од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, по што е познат и распоредот за последниот дел од шампионатот.

Според позициите на табелата и Бергеровиот систем, беа одредени двојките за третиот, решавачки круг од сезоната, во кој ќе се решаваат најважните прашања, шампионот, местата за Европа и борбата за опстанок.

Најповолна позиција во моментов има лидерот Вардар, кој клучниот дерби-натпревар против Шкендија ќе го одигра на домашен терен, и тоа во последното коло од првенството.

Финишот од сезоната ветува големи возбудувања, бидејќи директните пресметки меѓу конкурентите за врвот се закажани токму во завршните кола. Така, во 31. коло Шкендија ќе ја пречека Струга, а веќе во следната рунда стружани ќе му бидат домаќини на Вардар, непосредно пред финалното коло кое може да ја донесе конечната разврска во шампионатот.

Фото: ФФМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот