ФОТО | Последната фотографија на Тина Тарнер: „Ме натера да доживеам некои од најгордите моменти“

Фото: Instagram/ Twitter

Славната пејачка Тина Тарнер која минатата вечер почина на 83 години, ретко можевме да ја забележиме во јавноста во последниве неколку години.

Имено, таа последен пат беше видена во јавност во ноември 2019 година, присуствувајќи на премиерата на мјузиклот за нејзиниот живот на Бродвеј. Таа на настанот беше фотографирана како постојано седи, а додека се движела по црвениот тепих е забележано како ѝ помагале нејзиниот сопруг Ервин Бах и Опра Винфри.

Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

Но, нејзината последна јавна фотографија на социјалните медиуми е од март 2021 година, каде е фотографирана во домашна атмосфера, славејќи ја премиерата на нејзиниот документарен филм на каналот на „Ејџ-би-о“.

„Уште само 5 дена! Оваа сабота ќе излезе документарниот филм „TINA“. Многу сум возбуденa што можам да го споделам овој филм со вас – гледањето на сцените од концертот ме натера повторно да доживеам некои од најгордите моменти од мојот живот. Едноставно морав да пеам и да танцувам низ мојата дневна соба! #TinaFilm“, напишала таа под фотографијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот