ФОТО | Поранешната на Ал Пачино повторно „уловена“ со 38 години постариот комичар, заедно си заминале од забава
Нур Алфалах (31), филмска продуцентка и поранешна девојка на Ал Пачино, била „уловена“ на ноќно излегување со комичарот Бил Махер, кој е 38 години постар од неа. Двајцата биле на забава за Ноќта на вештерките што ја организирале Васа Џ. Моргана и Мајкл Браун во Шато Мармонт во Лос Анџелес, пишуваат странските медиуми.
Препорачано
Тие ја напуштиле забавата заедно и биле фотографирани од папараците во автомобил. Таа носела корсет и кратко здолниште за Ноќта на вештерките, а тој носел црвена туника украсена со златни детали и панталони.
Bill Maher and Noor Alfallah leave Halloween party together — a year after claiming they’re ‘just friends’ https://t.co/R4FsQFp3ku pic.twitter.com/wn6X2xx1Yf
— Page Six (@PageSix) November 2, 2025
Гласините дека се во врска почнаа да се шират минатата година, кога беа фотографирани како го напуштаат Шато Мармонт. Сепак, таа ги негираше шекулациите во тоа време.
„Бил ми е само пријател. Тој е прекрасен. Сепак, ние сме само пријатели“, изјавила таа за „ТМЗ“.
Инаку, Нур и Ал Пачино почнаа да се забавуваат во 2022 година, а раскинаа во 2024 година. Тие имаат син. Нур во една прилика истакна дека по раскинувањето останале во добри односи. Претходно таа беше поврзана со Мик Џегер, Николас Бергруен, Ели Рот и Клинт Иствуд.


