ФОТО | Почина Пам Хог, легендарната дизајнерка омилена кај светските ѕвезди како Ријана, Лејди Гага и Кејт Мос
Пам Хог, славната шкотска модна дизајнерка омилена на ѕвездите како Лејди Гага и Ријана починала мирно во кругот на своето смејество. Веста за нејзината смрт беше потврдена преку објава на Инстаграм.
Препорачано
„Семејството Хог со длабока тага ја објавува смртта на нашата сакана Памела. Благодарни сме што нејзините последни часови беа мирни и опкружени со љубовта и грижата на блиски пријатели и семејство“, стои во соопштението.
„Сакаме да им се заблагодариме на сите вработени во St Joseph’s Hospice во Хакни за прекрасната поддршка што ѝ ја пружија на Памела во нејзините последни денови. Креативниот дух и делата на Памела го допреа животот на многумина, а таа остави величествено наследство кое ќе продолжи да инспирира, да носи радост и да нè поттикнува да живееме надвор од рамките на конвенцијата. Памела ќе продолжи да живее во нашите срца и умови“.
View this post on Instagram
Кариера и наследство
Хог никогаш не ја откриваше својата точна возраст, но студираше Уметност и текстил на Glasgow School of Art, пред да ја лансира својата прва модна колекција во 1981 година.
Таа беше омилена кај бројни ѕвезди, создавајќи, креативни дизајни за спотот „2 Hearts“ на Кајли Миноуг, како и дизајни за Ријана, Лејди Гага и Кејт Мос.
Други познати личности кои носеле дизајни од Хог беа Џеси Џеј, Наоми Кемпбел и Клаудија Шифер.


