ФОТО | Парис Хилтон е неуморна: Наутро борец за човекови права, напладне невеста на моминска вечер, навечер диџеј

парис хилтон
Фото: Принтскрин/Instagram/EPA

Инстаграм-профилот на Парис Хилтон во текот на еден ден издава колку е активен и возбудлив животот кој таа си ги создаде сама за себе. Ѕвездата и бизнис-жена која минатата недела држеше говор за човекови права вчера ја прослави својата невестинска вечер.

Сопственичката на свој ланец хотели одржа забавен ден за нејзиниот близок круг на женски пријатели, со неверојатни и интересни стилски детали – од колачиња со ликовите од неа и нејзиниот вереник до персонализирани лименки минерална вода.

Забавата се одржа во дворот на домот на Парис во Лос Анџелес, а во една од најинтересните игри гостите беа поделени во две групи и имаа за задача да ги облечат невестата и нејзината снаа Теса Хилтон во венчални фустани од тоалетна хартија – игра која траеше 5 минути. Пред почетокот на играта Парис само порача: „Немојте да ми дадете брутален вел“.

парис хилтон моминска
Фото: Принтскрин / Instagram

„Couture“ фустанот сепак излезе во 80-ти шик стил, со потполнети раменици и сплетен венец на главата, додека Теса доби фустан долг до подот со вел и ракавици без прсти. Фустаните сепак не „преживеаја“ долго, откако набрзо кучињата започнаа да си играат интригирани од хартијата.

Парис Хилтон моминска
Фото: Принтскрин / Instagram

Сториите објавени на личниот инстаграм-профил на Парис се убава глетка како таа пријатно и доволно умерено ужива во животот, откако целата претходна недела беше активна со давање изјави за личното минато како жртва на физичко и психичко насилство како тинејџер во интернат и одржување говори за борба против истото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Говорот кој Парис го одржа минатата недела пред „Capitol Hall“ беше насочен кон Џо Бајден и Конгресот за Законот за одговорност за собраниска грижа, иако таа посочи дека се работи за тематика која не е поврзана токму со политичката гарнитура која е на власт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Таа побара и затворање на „Parvo“, интернатот во кој таа најмногу страдала од сите интернати во кои ја сместиле нејзините родители, и изјави дека конечно сака нејзината приказна да има позитивен ефект со тоа што ќе застане како портпарол за сите жртви како неа.

„20 години не можев да спијам заради спомените од физичкото насилство, чувството на самотија, загубата на пријатели кои ми минуваа низ глава кога ќе ги затворев очите. Тоа не беше инсомнија, тоа беше траума“, изјави Парис.

Овој потег на претприемничката е инспириран од безбројните пораки кои ги добила откако јавно прозборе за своето искуство во документарецот од 2020 година „This is Paris“.

Парис Хилтон моминска
Фото: Принтскрин / Instagram

За крајот, денот ќе го заврши во диџејските води, уживајќи во она што го знае најдобро – да се забавува.

Парис Хилтон моминска
Фото: Принтскрин / Instagram

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот