ФОТО | Пациент заразен со коронавирус избегал преку прозорец од болницата во Гостивар

Пациент заразен со коронавирус бега од болницата во Гостивар / Фото: Лајме.мк

Пациент заразен со коронавирусот е снимен како излегува од прозорецот на задната просторија на Одделот за инфективни болести од болницата во Гостивар, објави порталот Лајме.мк.

Во моментов, сѐ уште нема официјална реакција од страна на болницата или полицијата.

Состојбата со коронавирусот во нашата држава повторно станува аларматна, а Гостивар е еден од градовите во кои има над 1000 активни случаи. Од почетокот на пандемијата во Гостивар се регистрирани 7503 случаи на коронавирус, додека во моментов има 1394 активни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот