ФОТО: Ова е последниот американски војник кој го напушти Кабул

Последниот американски војник кој го напушти Кабул/ Фото Twitter screenshot @DeptofDefense

САД и официјално ја заврши евакуацијата од аеродромот во Кабул и после две децении целосно се повлече од Авганистан. Повеќе од 122 илјади лица го напуштија Кабул од 14-ти август, ден пред земјата да падне во рацете на талибанците.

„Ова заминување беше доста болно. Не успеавме да ги извлечеме сите кои сакавме“ изјави генералот Френк МекКензи.

„Мислам дека да останевме уште 10 дена, немаше да имаме време да ги извлечеме сите“ вели американскиот дипломат во Авганистан Рос Вилсон, кој бил на последниот авион евакуиран од Кабул.

Последниот американски војник кој го напушти Авганистан е генералот Крис Донаху. Во војничка униформа, со оружје во десната рака, командантот на 82 -та американска воздухопловна дивизија се приклучи на своите колеги во последниот авион, пренесува Гардијан.

„Добро завршена работа, се гордеам со сите вас“ била последната порака на Донаху на своите војници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот