ФОТО | Од 2016 година: Дали ова е фотографијата која Кејт Мидлтон ја монтираше во портретот по операцијата и создаде хаос

Фото: Принтскрин/Твитер

Одамна е познато дека британското кралско семејство има војска обожаватели кои внимателно го следат и го забележуваат секое нивно појавување, па затоа многу добро знаат каде и кога се случило нешто. Токму поради тоа не е чудно што една обожавателка ја сподели својата теорија околу спорната фотографија на Кејт Мидлтон на социјалните мрежи.

Руби Налдрет, која е задолжена за социјалните мрежи на британскиот таблоид „Дејли мирор“, на својот профил на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, ја сподели својата теорија околу спорната фотографија која Кејт Мидлтон ја објави по повод Денот на мајката. По деталното набљудување и самата потврди дека е дигитално манипулирана, а нашла и фотографија од Кејт Мидлтон за која е сигурна дека е користена во новата, спорна фотографија за која принцезата од Велс се извини и откри дека ја фотошопирала.

 


Таа тврди дека принцезата од Велс користела фотографија од снимањето на „Вог“ во 2016 година и ја поткрепила со фотографии.

– Моите анализи за фотосагата на Кејт Мидлтон велат дека таа го „зела“ своето лице од насловната страница на „Вог“ што ја сними пред неколку години и потоа го монтирала – објаснила Налдрет во твитот кој оттогаш стана вирален и за неколку часа е прегледан повеќе од 35 милиони пати.

Во објавата таа ја ставила и насловната страница на „Вог“ снимена пред осум години, а покрај неа и семејниот портрет на Кејт Мидлтон со трите деца, кој Кенсингтонската палата го објави во неделата по повод Денот на мајката.

– Тоа е причина зошто нејзината коса е матна и проѕирна, бидејќи тоа е местото на кое шеширот ја сплескал – е еден од коментарите на објавата на Руби Налдрет.

 


Сепак, сите не се толку убедени во нејзината теорија. Напротив, има значителен број на оние кои се скептични.

– Нема тука сличност. Тоа е само исто лице со иста насмевка затоа што тоа е истата личност. Не е ниту оддалеку слично – коментирал еден корисник на социјалната мрежа.

Спорната фотографија и понатаму предизвикува вистински метеж, особено во Велика Британија, каде јавноста не ја крие загриженоста поради сè што се случува околу Кејт Мидлтон.

Властите го потврдија датумот: Познато е кога Кејт Мидлтон ќе им се врати на обврските

ФОТО | Кејт Милдтон призна дека сама ја монтирала фотографијата што ја објави вчера и се извини за конфузијата што ја предизвика

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот