ФОТО: Нуров веќе е во Токио, македонскиот борач атакува на медал

Фото: facebook.com/maga.ibragimov.564

Останаа уште двајца македонски спортисти кои ќе настапат на Олимписките игри во Токио, тие се Пулексенија Јованоска (карате) и Могамедгаџи Нуров (борење).

Според програмата каратистката Јованоска својот настап се очекува да го има на 5 август во 03.00 часот по македонско време, а борачот Нуров на 6 август во категоријата до 97 килограми.

Претходно Дејан Георгиевски во таеквондо ја израдува нашата земја со освојување на сребрениот медал, а сериозни амбиции за медал во јапонскиот град има и Нуров.

Нашиот борач според најавите е во Топ 4 фаворити за медал, како што е објавено неговиот прв противник ќе биде Белорусинот Александар Хуштин.

Доколку триумфираа во таа борба, во четвртфиналето ќе ги одмери силите против подобриот од пресметката меѓу Канаѓанецот Стин и Италијанецот Конједо, а во полуфиналето го чека и најголемиот фаворит за златото, Садулаев.

Токму борењето ни го донесе првиот медал на Летните олимписки игри, во Сиднеј 2000 година кога со бронза се закити Могамед Ибрагимов.

Фото: Инстаграм/@nurov_97m

ВИДЕО + ФОТО: Спектакуларен пречек за сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот