Фото: „Слободен печат“

ФОТО | „Никна“ див паркинг пред црквата Св. Петка во Црниче кој го блокира сообраќајот

До „Слободен печат“ пристигнаа поплаки и фотографии од жителите на населбата Црниче, на кои веќе подолго време им е отежнато движењето кај црквата „Св. Петка“, близу Симпо, поради нерегуларно паркирани возачи.

Слика од крстосницата / Фото: „Гугл Мапс“
Фото: „Слободен печат“

На фотографиите можат да се забележат повеќе автомобили кои целосно ја блокираат крстосницата кај улиците Павел Шатев, Томе Арсовски и Наум Охридски.

Од општина Кисела Вода неодамна поставија столбчиња на тротоарот од улицата Наум Охридски, каде претходно сообраќајот беше отежнат од непрописно паркираните возила, но по инсталацијата на овие столбови, возачите најдоа алтернатива за паркирање 50-тина метри подолу, на самата крстосница, каде сообраќајот е постојано густ во текот на работните часови од неделата.

Фото: Фејсбук

Жителите тврдат дека паркираните возила се во сопственост на вработени во Министерството за внатрешни работи, чија зграда се наоѓа во непосредна близина од оваа крстосница, па затоа постојано се паркираат на оваа локација и го отежнуваат сообраќајот, а притоа, како што велат, никој не ги казнува.

Тие испратија апел до општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓоргиевски, што поскоро да го решат овој сообраќаен проблем со кој секојдневно се соочуваат пешаците и возачите.

„Слободен печат“ испрати прашање до општина Кисела Вода за оваа сообраќајна нерегуларност, а оттаму велат дека се работи за долгогодишен проблем со кој се запознаени и се во потрага по негово конкретно решение.

Во наредниот период ќе спроведеме слични сообраќајни решенија и на другите посочени позиции, освен на улицата  Павел Шатев која е градска улица, но и за неа ќе испратиме допис до Градот Скопје кој е надлежен- велат од општината за „Слободен печат“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот