ФОТО | Неверојатен потфат: Шеснаесетгодишник ќе стане најмладиот пилот кој го обиколил светот

Мек Радерфорд
Мек Радерфорд / Фото: EPA-EFE

Шеснаесетгодишниот британски ученик Мек Радерфорд слета во Најроби, Кенија во средата, како дел од африканската етапа во неговиот обид да стане најмладиот човек кој сам го прелетал светот.

Мек Радерфорд
Мек Радерфорд / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Патувањето на Мек Радерфорд започна од аеродромот во близина на Софија, Бугарија во март и се надева дека ќе го надмине актуелниот рекордер, неговиот сонародник Тревис Лудлоу, од Гинисовата книга на рекорди, кој прв леташе сам околу светот минатата година на 18 годишна возраст.

„40.972 километри за 44 дена“: 18-годишниот Тревис Лудлоу е најмладиот пилот што летал сам низ светот

„Се надевам дека ова патување ќе ги инспирира младите луѓе да ги следат своите соништа“, рече Радерфорд по симнувањето од неговиот авион на аеродромот Вилсон во Најроби.

Мек Радерфорд
Мек Радерфорд / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Производителот на авиони „Shark Aero“ го нарече патувањето премногу опасно и одби да биде партнер во проектот на Радерфорд.

„Мек без сомнение е вешт пилот. Сепак, не сакаме да ја спуштиме старосната граница на најниската можна точка за патувања каде што е невозможно да се исклучи одреден ризик“, истакнаа од компанијата.

Мек Радерфорд
Мек Радерфорд / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Радерфорд на својот пат ќе посети уште четири африкански земји во Индискиот Океан, а потоа ќе се упати кон Блискиот Исток, Азија и Северна Америка и на крајот ќе се врати во Европа.

Мек Радерфорд
Мек Радерфорд и неговата сестра Зара / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Мек Радерфорд потекнува од семејство на пилоти и првпат ја презел командата на свои седум години, седејќи до својот татко. На 15 години стана најмладиот пилот на светот, а сега ги следи стапките на својата постара сестра Зара, најмладата жена што летала низ светот на 19 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот