„40.972 километри за 44 дена“: 18-годишниот Тревис Лудлоу е најмладиот пилот што летал сам низ светот

Тревис Лудлоу
Фото: Принтскрин / Instagram

18-годишен пилот го собори Гинисовиот рекорд и стана најмладиот тинејџер што летал сам низ светот во авион со еден мотор, пишува „Би-Би-Си“.

Тревис Лудлоу, од Ајбстон, Бакингемшир, слета во Холандија во вторникот, откако помина 44 дена завршувајќи го патувањето од 24,900 милји (40.072 км).

На 18 години, тој беше 13 дена помлад од претходниот рекордер. Младиот Лудлоу вели дека тоа е „чудно чувство“.

„Чудно е чувството – еве ме, пристигнав и немам за што да се грижам утре – чудно е“, изјави младиот пилот.

Ладлоу започнал да лета на само 12 години и стана најмладиот пилот на едриличари во Велика Британија со 14 години.

Неговиот лет со „2001 Cessna 172R“ се движел низ Европа, преку Русија и Америка, пред да се врати преку Канада, Гренланд и Исланд. Планираното патување сочинувало 60 постојки низ девет земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот