ФОТО: Не е до печалбарите, тие си заминаа, а Тетово повторно е како дива депонија

Фото: Слободен печат

„Со доаѓањето на печалбарите во Тетово на дневна основа се создаваа двојно поголеми количини на комунален смет, затоа и хигиената во градот не е на завидно ниво во летниот период“. Ова е најчестиот одговор од општинските власти зошто во месеците јули и август Тетово се гуши во диви депонии, околу контејнерите има купишта смет, а јавните површини се валкани и има разни отпадоци.

Фото: Слободен печат

Но ова оправдување на властите очигледно „не држи вода“ оти и сега кога сите гастарбајтери се заминати градот под Шара е налик на дива депонија.

Фото: Слободен печат

Покрај секој контејнер има мини дива депонија, од мебел, градежен шут, се до комунален смет. Тротоарите и улиците не се метат и чистат со вода, останатите јавни површини запуштени, но и кејот на реката Пена е полн со отпадоци.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

„Ние како жители на градот не очекуваме некои инвестиции, но барем се надевавме дека градот ќе се мете и мие со вода.За тоа не требаат финансии, ако немаат метли еве ние како граѓани ќе донираме метли, водата е бесплатна од реката нека ја земат, но оттаму најпрвин нека ги остранат купиштата смет. Ова е навистина кастастрофално што му се случува на градот и не само сега, вака е со децении. Највалкан град сме во Македонија“, вели еден жител на Тетово.

Фото: Слободен печат

„Па јас и од Касами не очекувам ништо друго, тој си има своја агенда политичка, со знамиња на голема Албанија и слично“, вели друга жителка на Тетово.

Пред два месеци градоначалникот на Тетово Билал Касами, најави дека ЈКП Тетово ќе ги зголеми своите капацитети во пресрет на доаѓањето на печалбарите кога се собираат поголеми количини на смет на дневна основа. Но, граѓаните ако сакаат почист град редовно треба да ги плаќаат комуналните сметки, и да се однесуваат поодговорно кон јавните површини, дополни тој.

„Апел да граѓаните да бидат посовесни во делот на плаќањето на обврските кон ЈКП Тетово, ако бараме чист град треба да ги плаќаме сметките, обврска со која не можеме да се пофалиме. Треба да бидеме повнимателни и со јавните површини. ЈКП Тетово стои на располагање за одреден вид отпад, ако се јават ќе дојдат да го земат отпадот, а не тој да се остава на јавните површини. Имаме план сега во летниот период да ги зголемиме нашите капацитети и гарантираме дека Тетово ќе биде чист град и ќе се сервисира редовно отпадот, посочи пред два месеци градоначалникот на Општина Тетово Билалами.

Но, ниту во летниот период ниту сега нема никаква реализација од најавите на Касами, Тетово е налик на дива депонија од каде во секое мало се шири неподнослива миризба.

Тетово се уште го нема решено проблемот со претовар на комуналниот смет пред да се однесе во регионалната депонија во гостиварско Русино. Отпадот наместо во посебни контејнери или хали се претовара без никакви стандарди на земја загадувајќи ја тетовската почва, подземните води и воздухот.

ФОТО: Купишта смет пред детска градинка во Тетово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот