ФОТО: Наполи му оддаде почит на Марадона, ја претстави неговата статуа на стадионот

Диего Марадона доби статуа на стадионот каде играше седум години/ фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Непосредно пред натпреварот со Лацио, Наполи ја претстави статуата на Диего Марадона на истоимениот стадион во Неапол.

Аргентинецот кој почина минатата година, се стекна со статус на божество во Неапол каде седум години го носеше дресот на Наполи на кого му донесе две шампионски титули во Серија А.

Челниците на Наполи одличија уште еднаш да му се оддолжат на Марадона и покрај тоа што стадионот го преименуваа во „Диего Марадона“ сега му поставија и статуа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот