ФОТО | Најубавата поранешна девојка на принцот Хари проговори за нивната врска: Среќна сум што траеше кратко

Фото: Инстаграм

Пред да стапи во брак со Меган  Маркл, принцот Хари постојано бил во врска со убави девојки. И додека некои постојано се надевале дека ќе го „скротат“ принцот кој, како што и самиот признал, пред Меган живеал разуздано, имало и такви кои се радувале дека повеќе не се дел од таа приказна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by In Touch Weekly (@intouchweekly)

Една од нив е и некогашната манекенка Флоренс Сент Џорџ. Оваа млада жена и денес многумина ја сметаат за најубавата поранешна девојка на принцот Хари, а таа неодамна првпат проговорила за врската со него. Хари и Флоренс биле заедно во 2011 година, но најголемиот проблем во тој однос било вниманието на медиумите. Како што рекла Флоренс, нејзината приватност нагло била прекината кога почнала да излегува со принцот.

Флоренс Сент Џорџ изјавила дека се чувствува „среќна“ што нејзината врска со принцот Хари била краткотрајна затоа што се борела да се справи со публицитетот. Манекенката, која накратко се забавувала со војводата од Сасекс во 2011 година, се потсетила на нивната краткотрајна врска во најновото издание на списанието „Стела“ на „Телеграф“. Сент Џорџ (35) рекла дека врската предизвикала бран на контрола од медиумите и јавноста и дека нејзината „приватност ненадејно завршила“.

„Сите мои пријатели од училиште беа сослушани, а на мојот татко новинарите му „кампуваа“ пред влезната врата“, изјавила Флоренс.

Флоренс, која во 2014 година се венчала со мултимилионерот Хенри Сент Џорџ, рекла:

„Им симнувам капа на оние луѓе кои можат да се справуваат со таквиот начин на живот, но јас знаев дека не можам да го правам тоа“.
Додала и дека иако тогаш била тажна што ја прекинала врската со принцот, денес е благодарна поради тоа.

Фото: Профимедиа

Инаку, убавата Флоренс пред Хари две години била врска со популарниот возач на Формула 1 Џенсон Батон, така што вниманието на медиумите не било непознато за неа, но тоа секогаш ѝ предизвикувало анксиозност. Токму затоа се свртела кон грнчарството, бидејќи тоа ѝ ја смирувало анксиозноста, но и борбата со постпородилната депресија во која западнала по раѓањето на второто дете.

Флоренс истакнала дека останала во добри односи со принцот Хари, но дека тој подоцна морал да го прекине контактот со сите поранешни девојки откако влегол во врска со Меган.

Флоренс сега е мајка на две деца – петгодишната ќерка Ајрис и тригодишниот син Џими.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bespoke 77 Ltd (@bespoke77ltd)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот