ФОТО: Милионерка „зависна“ од мајчинство ветува дека ќе има 105 деца без оглед на трошоците
Русинката Кристина Озтурк е мажена за грузискиот милионер Галип Озтурк, со кого има дваесет деца, иако нејзината цел е 105.
23-годишната Кристина само едно дете родила по природен пат, а останатите парот ги добил со помош на сурогат мајчинство, што е легално во Грузија. Имено, Кристина вели дека се надева дека ќе има уште неколку десетици деца со помош на сурогат мајки.
View this post on Instagram
На почетокот на годината Кристина стигна до сите светски медиуми бидејќи за една година платила 168.000 евра за сурогат мајки, сè со цел да ја постигне својата цел – 105 бебиња.
56-годишниот Галип е турски милионер кој веќе има 9 деца. Во интервју за „Форбс“ минатата година, тој рече: „Имам девет деца, сите живеат и работат во Турција. Тие се на возраст од 12 до 34 години, но сите работат, до најмалото. Со текот на времето, ги воведувам децата во мојата работа“.
View this post on Instagram
Кристина, Русинка од Москва, посочува дека сите потенцијални сурогат мајки поминуваат низ детално советување и дека сè е чисто од правна гледна точка, пред жената да забремени со децата кои генетски потекнуваат од Кристина и Галип.
Кристина го запознала Галип кога, како млада самохрана мајка, решила да отпатува до „Лас Вегас на Црното Море“, како што го нарекуваат Батуми. Таму го запознала Галип и тоа било, како што вели таа, љубов на прв поглед. „Тој е мојот ментор, водич и принц – сè во едно“, Озтурк неодамна откри за „Дејли меил“, а Галип ги потври нејзините зборови.
View this post on Instagram
Имено, Кристина има 16 дадилки, а секоја од нив има месечна плата од 500 долари. Нивниот распоред, како што вели, е таков што работат четири дена, а потоа имаат пауза од два дена. Тие живеат во нивната куќа и имаат своја кујна.
„Трошоците во толку големо семејство се огромни. Секоја недела трошиме 20 најголеми пакувања пелени и 53 пакувања млеко во прав. Ние трошиме околу 6.000 американски долари секоја недела на најважните работи за децата. Некогаш малку повеќе, понекогаш малку помалку, но отприлика е таа сума. Иако ги имаме толку на број, секое дете има своја облека, тие не делат ништо освен понекогаш за фотографирање, изјави Кристина за „The Sun“.
View this post on Instagram
А децата се Мустафа (14 месеци), Маријам (13 месеци), Ајрин (13 месеци), Алиса (13 месеци), Хасан (една година), Џуди (1), Харпер (11 месеци), Тереза (11 месеци), Хусеин (11 месеци), Ана (10 месеци), Изабела (10 месеци), Исмаил (9 месеци), Мехмед (9 месеци), Ахмед (9 месеци), Али (8 месеци), Кристина ( 8 месеци), Сара (7 месеци), Локман (7 месеци), Галип (6 месеци) и Оливија (4 месеци).
Семејството живее во вила, по една соба за две или најмногу три деца.
View this post on Instagram
„Тие сè уште се мали, кога ќе пораснат малку, секој ќе добие своја соба. Засега живееме во куќа на три спрата и планираме или да ја надградиме или да купиме поголема. Во моментов има доволно простор за сите“, вели Кристина.
View this post on Instagram
Таа исто така вели дека дава сè од себе да се посвети на секое дете, што не е лесно.
„Се обидувам, но моето омилено дете е мојот сопруг“, вели Кристина за „Мирор“.