ФОТО: Меланија Трамп со стил ја напушти Белата куќа

Profimedia
Profimedia

Дојде време Меланија Трамп да ја напушти Белата куќа и тоа кога таа е најмалку почитувана од американската јавност. Но, како и секогаш, таа го стори тоа со многу стил.

„Прва дама на модата“ е наслов што медиумите често го поврзуваа со името на Меланија Трамп. И навистина, има многу беспрекорни модни изгледи поради кои Меланија ќе ни недостига.

Profimedia
Profimedia

Таа ја напушти Белата куќа во одличен стил и маѓепса за последен пат со својот моден избор пред да се врати на нејзиниот секојдневен живот. Со оваа облека ја истакна својата витка фигура и уште еднаш го докажа својот добар вкус блескајќи во црн елегантен комплет.

Меланија беше облечена целосно во црно, носеше јакна „Шанел“, црни очила за сонце и алигаторска торба од Хермес Биркин, која вреди повеќе од 50.000 американски долари. Нејзините црни ракавици и препознатливата облека го надополнуваа моќниот изглед.

Profimedia
Profimedia

Патем, додека ги извршуваше должностите на првата дама, Меланија бескрупулозно потроши милиони на нејзината многу скапа гардероба – но затоа секогаш изгледаше беспрекорно.

Секако, барем во модна смисла, Меланија секогаш знаеше што сака и како да го претстави. Тоа го покажа и денес со последното појавување во Белата куќа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот