ФОТО: Меган Фокс го нападна својот поранешен сопруг за една фотографија на Инстаграм

Profimedia
Profimedia

Актерката Меган Фокс го нападна својот поранешен сопруг Брајан Остин Грин, затоа што на нивниот Инстаграм објави фотографија со нивниот син Џурни во позадина.

Филмската ѕвезда, која се разведе по 16 години врска и десет години брак, сега преку коментар на Инстаграм го праша својот поранешен сопруг зошто е потребно да објави фотографија со нивниот син и на тој начин да привлече внимание дека е грижлив татко во отсуство на мајката.

Profimedia
Profimedia

На фотографијата Грин е облечен во костум за Ноќта на вештерките, а во позадината на фотографијата можел да се забележи нивниот четиригодишен син како јаде слатки.

Брајан под фотографијата напиша: „Се надевам дека имате убав Ноќ на вештерките“.

Без двоумење, Меган ја прокоментирала фотографијата:

– Зошто Џурни треба да биде на оваа фотографија? Не е тешко да се пресече или да се избере некоја друга фотографија без него. Ние поминавме многу убаво за Ноќта на вештерките и можеш да приметиш дека ништо не беше објавено на социјалните мрежи. Знам дека си ги сакаш децата, но не знам зошто не можеш да престанеш да ги објавуваш на Инстаграм, напиша Меган во коментар под фотографијата.

Instagram
Instagram

Таа додаде дека тој е „опиен“ од потребата да покаже дека таа е една „отсутна мајка“, додека тој е целосно посветен родител, кој е постојано присутен во животот на нивните деца.

Кај тебе децата се половина од времето. Честитки за тоа, навистина си извонредна личност. Зошто треба да добиеш потврда за тоа преку Интернет, кога е очигледно по тоа колку децата те сакаат?, допиша Меган во коментарот

Два часа по коментарот на Меган, Грин ја избришал фотографијата и објавил нова фотографија од која е „исечен“ Џорни, пренесува „Метро“.

Грин во мај потврди дека тој и Меган Фокс се разделиле.

– Сакав сите да слушнат за тоа од мене и тоа е тоа. Никој од нас не го повреди другиот, секогаш бевме искрени еден спрема друг. Имавме одлична врска, рече тогаш Грин.

Profimedia
Profimedia

Меган и Брајан имаат три сина, осумгодишниот Ноум, шестгодишниот Боди Ренсом и најмалиот Џорни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот