ФОТО | Манекенка се фотографирала пред споменик, а сега поради мини здолниште и деколте ќе оди 5 години во затвор!

Фото: x / record haber

Манекенката Пим Апатсара ќе мора да помине пет години во затвор затоа што се фотографирала во мини здолниште пред кралски споменик во Тајланд, пишува „Њујорк пост“.

„Ве молам, посетете го мојот град“, напишала манекенката покрај фотографијата на која позира во кратко кафеаво здолниште со долна облека со пруги и црвена маица пред статуата на кралот Рама. Фотографијата ги разбесни мештаните во покраината Бурирам.

 


Локалните жители повикале полиција, а полицискиот командант Рутахол Наварат наредил потрага по Пим и ја повикал во главната полициска станица. Пим подоцна се извинила за својата фотографија и рекла дека сакала со фотографијата да ги поттикне луѓето да го посетат градот. Таа признала дека фотографијата сама ја снимила и споделила и дека намерно не сакала да го наруши имиџот на таа провинција.

– Набргу откако ги објавив фотографиите на својот профил на социјалните мрежи, добив жестоки критики од луѓето. Некои од нив беа насочени кон моите родители, што беше неприфатливо, бидејќи не знаев дека тоа што го направив е кривично дело, злосторство. Не размисли добро за она што го направив. Се извинив и ги предупредив другите да бидат внимателни кога објавуваат нешто што ги вклучува верувањата и чувствата на луѓето – рекла Пим.

– Утврдено е дека нејзиното однесување влијаело на почитта и верувањата на жителите, што предизвикало голем гнев. Затоа е повикана на сослушување, обвинета е за порнографија со затворска казна до пет години, парична казна до 100.000 бати (4.000 долари), или и двете, и јавна непристојност со парична казна до 500 бати (20 долари) – рекол Чамрас Сирилеанг, началник на полицијата.

Инаку, Тајланѓаните се познати по подреденоста на својата монархија и нејзината историја. Строго наметнатиот закон спречува кој било да го критикува или навредува кралското семејство.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот