ФОТО: Македонскиот репрезентативец Чурлинов тренира во боите на Штутгарт

Македонските /Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Минатата сезона како позајмица од Штутгарт, Дарко Чурлинов придонесе тимот на Шалке да се врати во Бундеслигата.

Навивачите посакуваа македонскиот репрезентативец и следната сезона да настапува во Гелзенкирхен, но раководството не плати три милиони евра колку што бараа од Штутгарт за услугите на нашиот играч.

Штутгарт успеа да обезбеди опстанок во елитата, па сигурно беше дека повторно ќе имаме Македонец во Бундеслигата, една од Топ 5 европските лиги. Чурлинов веќе тренира со тимските соиграчи на Штутгарт за новата натпреварувачка сезона.

Во првото коло од најсилниот германски шампионат на 7 август на домашен терен фудбалерите на тренерот Пелегрино Матарацо ќе играат против Лајпциг.

Од 2019 година нашиот репрезентативец ги брани боите на Штутгарт, во првата сезона во втората Бундеслига имаше шест настапи и еден гол. Потоа во сезоната 2020/2021 во најдобрата Бундеслига запиша 14 настапи. Лани беше само еднаш на клупата, па беше испратен на позајмица во Шалке со 22 настапи и два голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот