ФОТО | Мајката на Двејн Џонсон имала тешка сообраќајка: Актерот пред една година и подари автомобил

Фото: Принтскрин / Instagram

Пред една година актерот и подарии нов бел „Cadillac CT5“ на својата мајка, но несреќата се има случено во друг автомобил.

Мајката на Двејн Џонсон во средата вечерта доживеала тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, која за среќа успеала да ја преживее. Актерот објави фотографија на Инстаграм од здробен црвен Кадилак Ескалад со големи оштетувања на совозачката страна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dwayne Johnson (@therock)

„Ангелите на милосрдието ја чуваа мајка ми“, напиша Џонсон.

Каросеријата на автомобилот е откината и смачкана, при што беа изложени делови од внатрешноста и воздушното перниче кое изгледа дека се активирало на страната на возачот.

„Оваа жена преживеа рак на белите дробови, тежок брак, судар со пијан возач и обид за самоубиство. Преживеала на начини кои ги прават ангелите и чудата реални“, додаде актерот, заблагодарувајќи им се на полициската управа во Лос Анџелес и пожарникарите што и помогнале на мајка му и по телефон му кажале што се случило.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dwayne Johnson (@therock)

„Ми остана еден родител, па ако сè уште имате мајка и татко, прегрнете ги затоа што никогаш не знаете кога ќе го добиете тој повик во три часот наутро што никогаш не сакаме да го добиеме“, рече Џонсон.

Двејн „The Rock“ Џонсон со уште еден прекрасен гест: Повторно ја изненади својата мајка со неверојатен подарок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот