ФОТО | Летото за Тијана нема крај: Реално, никогаш не сме биле позгодни риби!

Фото: Instagram

Тијана Дапчевиќ оваа година ужива во летниот одмор, прилично долго, менувајќи повеќе дестинации. Пејачката по посетата на прекрасниот Охрид каде друштво и правеа нејзниот син Вук, мајка и Брана како и блиски пријатели од Охрид, Дапчевиќ деновиве ужива на некоја нова непозната дестинација.

Тијана на својот инстаграм профил објави фотографии во бикини на кои може да се забележи дека пејачката е во топ – форма. На фотографијата Тијана ја придружува и пријателка која исто така изгледа прекрасно.

Реално, никогаш не сме биле позгодни риби, стои во описот на објавата на Тијана која со која ги расположи своите бројни фанови.

Пејачката практикувала диета со која успеала да изгуби повеќе килограми.

Тијана го сподели и своето искуство поврзано со вишокот килограми што ги добила во текот на бременоста. Како што вели, постојано била гладна и честопати прибегнувала кон нездрава храна.


Тијана откри дека кога била бремена со својот син Вук, добила 45 килограми вишок и дека имала 115 килограми пред да се породи.

Буквално носев уште една личност во себе. Немав врат и рацете ми беа како бутовите. Тогаш решив да направам нешто во врска со тоа. Меѓутоа, почнав да слабеам дури кога сфатив дека мене не ми треба никаква диета, туку да го променам мојот начин на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш мислиме само на храна и на тоа што ќе јадеме, а што не смееме да јадеме“, изјавила пејачката за „Хит Информер“, пренесува „Ало“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот