ФОТО | Ламбе по години поминати на Флорида, се враќа дома: Најавува и нова музика!

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Пред 17 години македонската јавност го запозна Ламбе Алабаковски преку музичко шоу на продукцијата М2. „Плеј – потрага по ѕвезди“. За многу кратко време младото момче родум од село Љубојно стана миленик на македонската публика. Неговиот прв хит „Спаси ме“, компониран од страна на познатиот македонски композитор го вивна во ѕвездите.


Неколку години откако стаби во брак со својата сакана Магдалена реши да ја напушти својата родна земја и да ја побара среќата во Соединетите Американски  Држави.

Ламбе заедно со своето семејство по повеќе години живот на Флорида реши да се врати во родната земја, а со тоа и да се врати на истата сцена на која ја започна својата музичка кариера.

Ламбе беше дел и од концертот „Засекогаш во срцата“ посветен на починатите музички великани Тоше Проески и Аки Рахимовски. Во организација на Центарот за култура Битола и Камерниот оркестар Битола двата концерти беа одржани пред бројната публика на 18 и 19 февруари.

Во изјавата за порталот CRNOBELO.com, Алабаковски го најави враќањето на музичката сцена по долгата пауза.

„Во Македонија сум од лани летото. Одлучивме да се вратиме повторно дома, заедно со целото семејство. По 7 години пауза и еден убав ресет, би сакал да продолжам со музиката бидејќи тоа ми е талентот од Бога. Во план се некои песни и видеа кои се надевам дека ќе се остварат до крајот на оваа година. М2 беше едно фасцинантно шоу кое извади многу таленти. Денес има 17 години од тогаш, но сè уште се зборува. Ви благодарам на поддршката. Концертот посветен за Тоше и Аки беше едно големо емотивно соочување со нивната енергија преку музиката што ќе остане да се слуша. Навистина ми беше мило што се погодив тука да учествувам. Едно големо благодарам на Камерниот оркестар на Битола и на Центарот за Култура.“ – изјави Ламбе за CRNOBELO.com

Ламбе и Мартина се горди родители на Михаил и Димитриј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот