ФОТО | Крушата под круша паѓа: Ќерката на Моника Белучи неодоливо потсетува на актерката

моника белучи
Моника Белучи и Дева Касел / Фото: Принтскрин/Instagram

Не за џабе се вели дека крушата под круша паѓа. Но, во случајот со манекенката Дева Касел и актерката Моника Белучи е навистина правилно употребена изрека.

ФОТО | Ќерката на Моника Белучи го воодушеви светот со својата убавина: Пошармантна од својата славна мајка

Имено, 17-годишната Дева тргна по стапките на нејзината мајка Моника и се повеќе привлекува внимание со своите објави и фотографии на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@d.casseluxxi)

Веќе е дел од бројни професионални ангажмани, како минатото лето кога таа позираше за „Vogue“ со нејзината 57-годишна мајка.

„Ние не се расправаме, се трудам да бидам добра мајка и навистина сакам да ја насочам во вистинска насока“, изјави Моника во интервју за италијанските медиуми минатата година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@d.casseluxxi)

Кон крајот на турбулентната 2021 година, таа позираше и за шпанскиот магазин „Glamour“, но овој пат без нејзината мајка.

Нејзината коса, веѓи, насмевка, буквално сè на неа потсетува на Моника од нејзините помлади денови кога позираше како модел за „Dior“ и многу други модни брендови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel (@d.casseluxxi)

Дева има над 603.000 следбеници на социјалните мрежи, а често добива комплименти и пофалби. И додека нејзината мајка ја охрабрува и „турка“ во светот на модата, нејзиниот татко, 55-годишниот актер Винсент Касел е малку подискретен кон неа.

Моника и Винсент беа во брак 14 години, а се разведоа во 2013 година. Покрај Дева, тие ја имаат и 11-годишната ќерка Леони.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот