ФОТО | Kортни Кардашијан „би умрела“ за Тревис Баркер: Најозборуваниот пар ужива во љубовта
Ѕвездената љубовна двојка, за која многумина би рекле дека „не си одговараат“, а тоа се Кортни Кардашијан и панкерот Тревис Бaркер очигледно уживаат секој миг заедно.
Препорачано
Парот кој предизвикува внимание каде и да се појави, се запознаа во февруари 2021 и веднаш станаа центар на жешки теми и озборувања. Имено, социјалните мрежи не ги бендисаа баш на почетокот. Кортни беше осудувана дека по десет години врска со момчето Скот Дисик воопшто не ни помисли да застане на лудиот камен, а на Тревис му го кажа судбоносното „да“, по само неколку месеци врска.
Но, љубовта изгледа им цвета и тука нема што да им се замери. Кортни сподели на својот инстаграм-профил „стори“ како Тревис си игра со децата, и навистина атмосферата делува совршено.

Вчера тoj сподели фотографија на која се во прегратка низ сочен бакнеж со коментарот дека „Би умрел за неа“.
View this post on Instagram
Таа не остана покусо и му возврати на коментарот:
„За тебе. За тебе и јас би умрела“
Коментарот доби преку 3000 лајкови и коментари, а гулапчињата очигледно уживаат во својата љубов и не се многу загрижени за нивната репутација во јавноста.
View this post on Instagram


