ФОТО | Кинеска инфлуенсерка заработи 5,5 милиони долари за 10 дена: Продаде NTF-мемиња од себеси

Кинеска инфлуенсерка Ирен Жао/Инстаграм
Кинеска инфлуенсерка Ирен Жао/Инстаграм

Кинеската инфлуенсерка и моделка Југинг Ирен Жао која живее во Сингапур, заработи 5, 5 милиони долари за само 10 дена, со продажба на низа NTF-ви, кои се составено од нејзини фотографии и „мемиња“.

Жао ја лансираше својата колекција IreneDAO на почетокот на јануари на Opensea, најголемата трговска мрежа за NTF. Збирката се состои од 1107  ставки со вкупен обем на трговија од 2300 етереуми, што одговара на сумата од приближно 5,5 милиони долари.

Според Жао, сите 1107 NFT биле побарани во првите 30 минути.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irene Zhao (@b1gqing)

IreneDAO  ја почнала својата колекција налепници во која се прикажува самата себеси во различни пози и фрази од крипто речникот, како WAGMI (We all going to make it – Сите ќе успееме). Во мигов, најевтиниот NFT, со името „Have Fun Staying Poor“, чини 0,94 етереуми, што одговара на износ од околу 2200 долари.

Некои од најпознатите јутјубери, како Логан Пол ги купил нејзините NTF-ови.

Ваквиот тренд на „продажба во низа“ ja изненадил и инфлуенсерката.

„Не очекував дека тест примерокот ќе биде хит. Не бев ни свесна кога беше лансиран, бев на часови пливање во тој момент. Кога се вратив од базен, сите 500 NFT-ови беа распродадени!“ – изјави таа

Жао дипломирала на Националниот универзитет во Сингапур во 2017 година и работела како брокер  пред да стане инфлуенсерка на социјалните мрежи во 2016 година, а во 2021 година почна да заработува пари со инвестирање во криптовалути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот