ФОТО | Ќерката на Хајди Клум заблеска на насловната страница на „Вог“: Ѝ благодарам на мајка ми за сѐ!

Instagram
Instagram

Американската манекенка со потекло од Германија, Хајди Клум (47) и нејзината ќерка Лени (16) се појавија на насловната страница на „Вог Германија“.

Имено, 16-годишната ќерка на Хајди Клум изгледа исто како нејзината мајка, па сега реши да си ја испроба среќата во светот на модата.

Ова е прва насловна страна за Лени во модно списание, а за таа прилика младиот надежен модел позираше со својата мајка.

Лени носеше розови панталони, сина јакна и зелена маица под неа, додека поранешниот супермодел носеше сини панталони и розова јакна, а на сликата се гледа како ја бакнува својата ќерка.

Лени за магазинот Вог изјави:

„Прашање на време беше кога ќе се обидам како модел. Првата понуда пристигна кога имав само 12 или 13 години од брендот кој обожавав да го носам, „Бренди Мелвил“. Тогаш ја молев мајка ми, но немаше шанса! Сега разбирам дека тогаш ќе беше рано“, рече таа.

 

Хајди Клум и Лени/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот