ФОТО | Каде и да си, рокенрол да си: Александра Пилева во Америка го оствари својот сон

Александра Пилева/Инстаграм
Александра Пилева/Инстаграм

Познатиот рокенрол женски глас на македонската сцена, Александра Пилева Чадиев веќе извесно време живее надвор од Македонија.

Таа е позната во јавноста како една од најдобрите рок вокали која пееше со свој бенд во скопските клубови. Родена е во Неготино, а музичката кариера во јавноста ја почна кога беше дел од шоуто за млади таленти „М2“. Нејзините хитови „Ангел мој“ и „Нема утеха“ ја вивнаа во македонската поп сцена, но Александра отсекогаш беше ориентирана кон рокенролот и живите настапи се нејзин најголем адут.

Во 2013 година, со сопругот Зоран Чадиев со кого имаа свој рок бар во Скопје и синот Лука, заминаа во Чикаго, Илиноис.

Александра својата желба за рокенрол музика никогаш не ја заборави и на својот инстаграм профил споделува фотографии од настапи со својот бенд „Salted coffe“.

Мора да признаеме дека изгледа како вистинска американска рок ѕвезда!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот