ФОТО | Ја опсипува со скапи подароци: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ подари ѓердан инспириран од Софија Лорен

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ jeremicjovana

Српската водителка Јована Јеремиќ ја пронајде својата сродна душа во 15 години постариот Драган Станковиќ, богат претприемач, кој сега и купи скапоцен ѓердан, но и белегзија.

Драган сам го дизајнирал накитот, дознава српски „Блиц“.

– Тој сакаше според неговиот дизајн да биде изработен уникатен накит. Никогаш не купува готов. Инспирација му беше Софија Лорен. Тој црта, па потоа го носи. Едноставно таков е човекот – рекол изворот за „Блиц“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Остатокот од фотографиите од скапоцениот ѓердан можете да ги погледнете ТУКА.

Водителката на утринската програма на телевизија „Пинк“ за Нова година веќе доби чанта од модниот бренд „Долче и Габана“ од својот избраник.

Да потсетиме, Јована ја дочека Новата година со својот партнер, со кој би сакала да добие син.

– Првата Нова година со човекот што го обожавам на мега дочек како што доликува на кралиците – напиша Јована на социјалните мрежи, а можевме да го видиме и нивниот жежок новогодишен танц.

– Родителите одлично го прифатија Драган, мајка ми рече дека е добар дечко. 2023 година ми го промени животот, ја запознав љубовта на мојот живот и го исплатив кредитот за станот, па официјално сум сопственичка на мојот стан, успеав да го направам тоа и можам да кажам дека добро ја завршив годината – изјавила Јована Јеремиќ.

ФОТО | Јована Јеремиќ страсно се бакнува со 14 години постариот дечко: Љубовта на мојот живот

Јована Јеремиќ откри на која возраст ја изгубила невиноста: Нејзиниот одговор ги изненади сите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот